сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Охриѓанец ја натепал поранешната сопруга со стап

Шеесет и четиригодишен охриѓанец ја натепал поранешната сопруга со стап.

Според информациите на СВР Охрид, Л.И. (64) од село Шипокно, на 19 овој месец во 17 часот отишол во дворот од семејната куќа каде што била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред ѝ упатил низа навредливи зборови и закани, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело.

Жената била пренесена во Општата болница во Охрид, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Против напаѓачот полицијата поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено казнено дело телесна повреда.

Top