среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Кирјос толку се изнервира што го предаде мечот (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го предаде мечот против Стив Џонсон по завршувањето на првиот сет и тоа не поради повреда, туку поради тоа што се изнервира. Кирјос водеше со 4:2 во тај-брејкот од првиот сет, по што Џонсон погоди винер. Кирјос сметаше дека е аут и влезе во расправија со главниот судија Фергусон Марфи.

Откако со неколку пцовки му се обрати на судијата, Кирјос заработи казнен поен, па Џонсон дојде до 4:4. Австралиецот најави дека доколку го загуби првиот сет, ќе го предаде мечот. Џонсон го освои сетот со 7:5 и Кирјос се поздрави со својот противник и со судијата, по што ги спакува своите работи и го напушти теренот, нормално со силни свирежи од трибините.
Поради контраверзното однесување Австралиецот неколку пати беше казнет од АТП, а веројатно така ќе биде и повторно. Кирјос едноставно не може да го смири својот темперамент иако на моменти покажува дека може да биде голем тенисер.

Top