понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Сурова шега, девојки се жртви: Џеси ја насвињил Софи

Студентката Софи Стивенсон од Британија се спотнала од Стоук за Амстердам за да се најде со 21-гпдишниот Џејсеј Мејтмен, кого го запознала во август во Барселона, но брзо сфатила дека е насамарена.

Кога му се јавила на Мејтмен дека стигнала во Амстердам, ѝ пратил смс: „Шега“ и додал емотикон свиња.

Овие шеги се најновите машки шеги, кои се викаат “pulling a pig” или во слободен превод „да насвињиш некого“ или „да го направи свиња“.

– Да насвињиш некого значи момче се обидува да заведе и да насамари дебела, грда девојка. Ми се смачи кога дознав, раскажала Софи за „Сан“. Девојката, која има 24 години, била убедена дека таа и Џеси, со кого имала и секс во Барселона, се во романтична врска, но за него сето тоа било само шега. Откако ѝ ја пратил пораката, го блокирал нејзиниот број.

-Толку многу бев вознемирена што го сменив летот и се вратив уште следното утро, опишува таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top