понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Почина исцелителот во кого цела Југославија гледаше спас – лечеше преку ТВ екран

На 83. годишна возраст во Москва почина исцелителот Ален Чумак. За неговата смрт јавно преку Фејсбук објави новинарот Димитриј Гордон.

– Пред неколку часа на 83. годишна возраст почина Ален Владимировиќ Чумак – исцелител, писател, филозоф и значаен човек. Се дружевме 27 години. Многу ќе ми недостасува, напишал тој.

Чумак бил светски и руски телевизиски исцелител кој се нарекувал со „екстрасенс“. Тој тврдел дека има моќ да исцелува луѓе на далечина.

Пред 4 века Чумак доживеал голема слава низ цела поранешна Југославија. Неговите сеанси биле пренесени на телевизија, а многу луѓе верувале во неговите способности и дека преку екран можат да се излекуваат.

Исто така слики од Чумак биле преплавена сите српски весници и луѓето верувале дека со гледање во нив ќе се излекуваат.

Чумак уште од 1965 година својата измама ја пренесувал на телевизиите ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top