среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 104 ново

Психолог открива која е главната причина за развод денес

Добро размислете за тоа што очекувате од врската и обидете се да откриете дали тие очекувања се реални. Разговарајте со вашиот партнер за сѐ и наоѓајте компромиси. Не заборавајте дека и тој/таа има свои очекувања од бракот и од вас, советува психологот Илај Џ. Финкел.

Поголемиот број бракови се распаѓаат поради преголемите очекувања, тврди Финкел, психолог и професор по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн во САД, во неговата книга „Брак: Сѐ или ништо“.

Главната промена што се случила во однос на минатиот век е тоа што луѓето почесто стапуваат во брак со очекување дека тој/таа ќе се промени на подобро, а тоа најчесто не се случува, објаснува Финкел.

Тој вели дека не терба да барате за брак некој кој ве исполнува бидејќи тоа во вистинскиот живот не постои. Исто така, нагласува Финкел, потполно е погрешно да очекувате дека вашиот партнер или партнерка ќе ви биде сѐ во животот, а денес многу луѓе го прават тоа.

И статистиката покажува дека бракот како институција поминува низ тешки времиња.

Во САД во 60-тите се разведувале околу 7% од двојките, а во Велика Британија 14%.

Денес годишно во САД се разведуваат 53% од брачните другари, а во Велика Британија 42%.

(Кајгана)

Top