вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 73 ново

Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јохан Тарчуловски, интензивно на терен ја промовира својата програма.

Во скратената верзија на неговата програма, Тарчуловски нуди проекти и решенија за младите, семејствата и пензионерите.

За семејствата, Тарчуловски нуди:

 

  • Изградба на нови градинки
  • Реконструкција, сансација и доопремување на училишта
  • Училишни униформи
  • Бесплатна градинка и дневен престој за еднородителски семејства
  • Формирање на совет на родители со претставници од сите основни училишта и градинки, за пријавување и брзо решавање на сите тековни проблеми
  • Стипендии за 100 те најдобри ученици
  • Продолжен училишен престој под надзор
  • Дневни центри за деца со посебни потреби
  • Финансиска помош за новороденче
  • Зазеленување на општината -изградба на нови паркови и хортикултурно уредување на новите и старите паркови
  • Изградба на Мини паркови помеѓу зградите
  • Изградба на парк за домашни миленици

Во неговата програма значаен дел завземаат и проектите за младите:

  • Бесплатни обуки, курсеви и доквалификации
  • Отварање на Деловно-Технолошки инкубатор
  • Субвенционирање на иновативни проекти за отпочнување на свој бизнис.
  • Финасиска подршка во период од 3 години за „старт-ап“ бизниси
  • Регистар на компании и нивни потреби
  • Регистар на невработени и нивни квалификации
  • Посредување при вработување во компаниите од о. Кисела Вода
  • Активирање на младински клубови
  • Организирање на спортски и културни манифестации
  • Субвенционирање на спортски клубови
  • Фитнес реквизити на отворено во парковите

Тарчуловско има и проекти за старите лица:

  • Активирање на пензионерските клубови
  • Бесплатна телефонска линија за помош
  • Волонтерска  помош од младинските клубови за тешко болни и неподвижни пензионери кои живет сами, во извршување на секојдневните обврски 
  • Бесплатни екскурзии
  • Бесплатен интернет во пензионерските клубови
  • Бесплатни обуки за компјутери 
  • Изградба на пензионерски катчиња во парковите
  • 11 октомври – ден на пензионерите
  • Натпревар помеѓу пензионерските клубови во шах и др вештини со интересни награди за победниците

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно е на терен каде што на граѓаните им ја презентира својата програма.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top