понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Завод за статистика: Македонија, единствената земја во регионот со негативен економски раст

Додека сите соседи бележат економски раст, Македонија е во рецесија. Според економската теорија, една држава се смета дека влегла во рецесија, кога нејзината економија два квартала последователно бележи негативна стапка на раст. Македонија во првото тримесечје од годинава имаше нулта пораст на бруто-домашниот производ. Во второто тримесечје од оваа година веќе имаше пад на бруто-домашниот производ од 1.8%. Во третиот квартал исто така имаме негативен раст на БДП. Според tradingeconomics.com, реномираната интернет страница чии податоци се базираат на официјални извори од статистичките заводи на 196 земји, и која вклучува повеќе од 20 милиони економски индикатори, Македонија е единствената земја во регионот, и воопшто во Европа, која бележи пад на БДП во второто тримесечје од годинава.

Политичката криза и лошата економска политика на новата влада ја турнаа Македонија во рецесија. Голем придонес за падот на економијата има одлуката на владата на СДСМ да ги преполоват капитални инвестиции. Намалените капитални инвестиции го успоруваат градежништвото, а индиректно ги успоруваат и 25 поврзани гранки. Колку за споредба, во првите 5 месеци во период кога функционираше техничка влада, во далеку полоша и посложена ситуација за капитални инвестиции на месечно ниво, од буџетот се инвестираа околу 25 милиони евра. Со доаѓањето на СДСМ, во јуни, јули и август, трошење на парите од буџетот на капитални инвестиции изнесува скромни 14 милиони евра.

Катастрофалната економска политика доведе и до пад на индустриското производство за цели 12%, пад на прометот во индустријата за 0.7%, пад на просечната нето плата и пад на извозот за 2.2%.

Mакедонската економија доживува крах, стопанството е пред колапс, стандардот на граѓаните паѓа, растат цените на производите, просечната плата се намалува, извозот се намалува, а намалена е и инвестициската активност. Според сите економски параметри, Македонија de facto има рецесија.

Top