понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 116 ново

Врвот на мојата кариера се успесите со репрезентацијата

Илиевски во интервју за хрватските медиуми гордо потврди дека најголемиот успех во кариерата му е со репрезентацијата на Македонија, нешто што засекогаш ќе го памети

Македонската кошаркарска легенда, Владо Илиевски на 37 години се реши да стави крај на блескавата кариера, одигрувајќи ја последната сезона во Работнички.
Илиевски во интервју за хрватските медиуми гордо потврди дека најголемиот успех во кариерата му е со репрезентацијата на Македонија, нешто што засекогаш ќе го памети.
Врвот на мојата кариера без дилема се успесите со репрезентацијата за време на сите овие изминати година. Тоа е нешто што вечно ќе остане запишано во историјата и што никој нема да може да го негира, изјави Илиевски.
Иако ја заврши играчката кариера, тој и понатаму останува во неа, но сега како тренер. Од новата сезона работи во словенечкиот тим Илирија каде прв тренер е Саша Дончиќ, татко на Лука Донџиќ.
Во оваа екипа настапува и нашиот репрезентативен центар, Љубомир Младеновски, кој летово го напушти актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје и се пресели во тимот од Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top