понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Таа е премлада за модните писти: Синди дала неочекуван одговор на сите критики

По стапките на славната Синди Крафорд тргнала и нејзината ќерка Каја Гербер.
Синди Крафорд има статус на модна икона и супермодел кој ја стекна својата слава во текот на 90-тите години, а сега по истиот пат тргна и нејзината 16-годишна ќерка Каја Гербер. Младата Каја неодамна за првпат зачекори на светските модни писти во текот на модната недела во Њујорк, Лондон, Милано и Париз.

Некои сметаат дека Каја е премлада и ја нарекуваат Синди “неодговорна мајка”, бидејќи не смеела да допушти нејзината ќерка толку рано да ја започне својата манекенска кариера, сметајќи дека и таа самата има искуство во оваа индустрија.

На таквите критики одговорила и самата Крафорд, бранејќи ја својата одлука:

“Мојата ќерка неодамна доби возачка дозвола. Многу повеќе ме загрижува тоа што таа сама ќе вози отколку нејзиниот влез во светот на манекенството”, вели Синди.

“Одлична работа за моите деца е тоа што јас знам многу за тој свет. Кој подобро ќе им помогне и ќе им го покаже патот од мене?”, додава познатата манекенка чиј 18-годишен син, Присли Гербер е исто така модел.

“На некој начин би сакала да можам да го одложам тоа за уште една или две години, но таа има 16 години. Толку имав и јас кога ја започнав својата кариера, што е навистина многу млада возраст, но во светот на модата тоа е нормално доба за почеток на кариерата”, наведува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top