понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Дебакл на Заев на скопскиот митинг, ниту оптичките финти не го покриваат слабото присуство

СДСМ со еден од најслабите митинзи досега. На скопскиот митинг забележлива е мала посетеност и покрај огромниот број на автобуси од внатрешноста. Организаторот на митингот се обидува со оптички финти да претстави поголема масовност,забележливо е дека самата бина е наместена 20 метри пред раскрсницата каде што вообичаено се поставува бината при вакви настани, пишува порталот НетПрес.

Покрај оваа манипулација, организаторите од СДСМ и помеѓу бината и народот кој е присутен оставаат 20 метри слободен простор и тоа се со цел да се потисне масата кон раскрсницата.

Но, и тоа не е од голема помош за СДСМ, самите присутни на митингот коментираат дека на денешниот собир имаат помалку присутни, отколку на претходните митинзи кои СДСМ ги има одржано на просторот пред Владата. Проценките се дека присуствуваат околу 17 илјади луѓе.

Исто така, дузина автобуси од останатите градови во Македонија, забележани се низ скопските улици, како го носат членстовто на СДСМ на митингот закажан за вечерва.

 

Top