среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Многу проекти за населба Лисиче (галерија)

МНОГУ ПРОЕКТИ ЗА НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА 2017 – 2021, напиша кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски по средбата со граѓаните од Лисиче.

Вечерва во трговскиот центар во населбата Лисиче имав средба со граѓаните, кои дојдоа во голем број и покажаа интерес за бројните проекти што ги предвидов во изборната програма.


Меѓу покрупните проекти за оваа населба се бетонирање на Усјанскиот канал, изградба на кружен тек на булеварот „12 Македонска бригада“ и улицата „Архитект Сотир Томовски“ и ново основно училиште. Но, не помалку важни за подобрување на условите за живот се и другите проекти што ќе се реализираат во Лисиче, доколку ја добиеме довербата на претстојните локални избори:
• санација на повеќенаменското игралиште во ОУ „Димитар Македонски“
• реконструкција на плочници кај ТЦ во Населба Лисиче
• Изградба на тротоар на улица Србија 1
• Изградба на тротоар на улица Мите Богоевски 1
• Изградба на пешачка патека од Атом до Реонски центар
• Реконструкција на постоечкото јавно осветлување во населба Лисиче
• Изградба на нова линија за јавно осветлување на крак на ул. Србија 1
• Изградба на нови линии за јавно осветлување во и околу трговскиот центар
• Реконструкција на градинката Пчелка 1
• Поставување хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците
• Реконструкција на улиците Мите Богоевски, Димитар Македонски, Блажо Орландиќ и Црноризец Храбар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top