сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Трагедија: Двајца браќа и бремената жена тргнале на веселба, завршиле под куп камења

Три млади лица од едно семејство загинаа во одрон на патниот правец Торовица-Малецај кај албанскиот град Лежа.Според полициското соопштение, во несреќата загинале браќата Едмонд(31) и Валентин(29) и сопругата на Едмонд, Аида Зефи(21), која била бремена.Жртвите се од селото Рабоште, а патувале со автомобил кон Торовица за да присуствуваат на домашна веселба кај родителите на Аида.

Причина за одронот се обилните дождови во изминатите денови.

Top