понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Кејт Винслет откри зошто никогаш не била во врска со ДиКаприо

Многу фанови на култниот филм „Titanic“ на режисерот Џејмс Камерон уште се прашуваат зошто Кејт Винслет и Леонардо ДиКаприо никогаш не ја пресликаа љубовната приказна на Роуз и Џек во вистинскиот живот.

20 години подоцна, во интервју за британски ITV Винслет (42) даде одговор на прашањето.

„Двајцата бевме многу млади. Ама никогаш не си се допаѓавме на тој начин. Знам, звучи иритантно“, рече актерката.

Таа додаде дека постојано се шегувале со ДиКаприо заради тоа и така со тек на време станале многу добри пријатели.

Низ годините, двајцата секогаш со многу љубов и почитување зборувале еден за друг, а во една прилика Винслет ја опиша нивната блискост како меѓу брат и сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top