понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Мал херој: Дете без раце освои златен медал во пливање (Видео)

Шестгодишниот Исмаил Зулфиќ, е дете родено без раце, но, малиот херој го победи својот страв и стана успешен
пливач.Малиот Исмаил е пример за сите. Роден е без горните екстремитети, но тоа не го спречи да освојува медали во пливање. Со голема поддршка од родителите шестгодишниот Исмаил успеал во својата намера да научи да плива. Веќе стана и натпреварувач и тоа еден од најдобрите. За разлика од своите врсници Исмаил своите успеси ги ниже на многу потежок начин, тој сите активности ги извршува само со нозе, сосема сам. На деветтото регионално првенство на Хрватска во пливање за лица со инвалидитет пролетва Исмаил го преплива олимпискиот базен долг 50 метри во грбно и успеа да победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top