четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Во Италија се подготвува референдум, кој друг размислува за отцепување?

Многу региони во Европа веќе долго бараат независност од матичните држави. Референдумот за независност на Каталонија, на кој за самостојност се определиле речиси деведест отсто од излезните бирачи, речиси повторно го покрена ова прашање.

Во текот на сите пет дена, по судирите во Шпанија многу сепаратистички движења како да се охрабрени. Во случајот на Каталонија гледаат шанса и тие да се отцепат од матичните држави.

Веќе за две недели во италијанската покраина Венето ќе се случи, како што пренесуваат странски медиум, историски настан. Референдумот за независност е закажан за 22 октомври, на денот кога во 1866 година е одржан плебисцит за приспојување на Венето кон Италија. 151 година подоцна, за разлика од претходниот, Италијанците ќе имаат трајно изјаснување за „Независна Република Венето“.

Венето спаѓа во најголеми и најразвиени италијански покраини. Со Венеција, како главен град, но и Верона, Падова, и Виченца, е една од туристички најпосетените области во светот со преку 60 милиони туристи годишно.

Иако официјални медиуми во Германија тврдат дека многу мал број Баварци сериозно мислат дека основање на сопствена држава е вистински потег, Баварците овие денови потсетуваат дека официјално име на таа германска покраина е „Фрајштат Бајерн“, односно Слобода држава Баварска.

Баварска има поголема површина од сите германски сојузни држави, во неа живеат дури 13 милиони луѓе и има најголем економски обрт во земјата. Како и во другите покраини кои бараат независност, токму тој факт предизвикува негодувања. Имено, Баварците сметаат дека премногу пари заминуваат во заедничката каса.

Истријаните својата историја ја гледаат поинаку.

„Ние не сме Италијани, не сме Словенци, не сме Хрвати, ние сме Истријани и имаме елементи од повеќе народи“, се наведува на овие денови исклучително популарен блог и страница на Фејсбук „Република Истра“.

Иницијативата за основање на самостојна држава постои одамна но поради актуелните случувања во Хрватска, посебно јакнење на проусташки идеи, се слуша се почесто.

Иако денес нема сериозно движење кое би ја промовирало независноста на Истра, политичарите, собрани околу Истарската демократска партија, не ја кријат желбата дека ја гледаат Истра како регион.

Top