четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

На состанокот никој не гледаше во Доналд Трамп, сите очи вперени во Меланија

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги засенила сите присутни на манифестацијата по повод „Месец на шпанското наследство”, на која таа се појавила со својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. Сите зборувале за нејзината интересна и храбра модна комбинација, а светските медиуми не пропуштиле да пренесат дека преку белата маица се гледале нејзините брадавици.

На Меланија шпанската култура очигледно и била инспирација кога одбирала што ќе облече за овој настан. Таа се појавила во една едноставна бела маица и црвено здолниште, кое потсетувало на традиционалните здолништа во фламенко стил.

Ваквиот начин на облекување имал за цел да ги истакне нејзините гради, што и се случило.

Присутните не можеле да го тргнат погледот од Меланија, а на некои фотографии може да се види дека се проѕираат и нејзините брадавици.

Top