понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Груевски: Тоневски неуморно и посветено ќе продолжи да работи за Пробиштип

За привлекување на уште повеќе инвеститори, планираме доизградба на инфраструктурата во индустриската зона Неокази. Проектот опфаќа изградба на сообраќајници, енергетски ефикасни светилки а водоводот и канализацијата веќе се завршени. Проект вреден 300 илјади евра. Ветуваме реконструкција на улица Илинденска. Во наредните четири години ќе се асфалтираат улиците во Злетово, Древено, Турско Рудари, Лезово, Плешенци, Трипатанци како и изградба, односно реконструкција на пристапните патишта до неколку населени места, изјави Груевски

На вториот денешен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој кажа дека треба да се потсетиме каде бевме, а каде сме сега, за да бидеме сигурно на каде одиме.

-Во периодот од 2006 година до 2016 година преку мерките за отворање на нови работни места што ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отворени се над 2.900 работни места во Пробиштип. Во 2006 бројот на вработени бил 1.737, а на крај на 2016 бројот на вработени лица бил 4.642. Бројот на вработени е зголемен за 167 проценти. Ја донесовме во завршна фаза изградбата на автопатот Миладиновци – Штип во должина од 47 километри, инвестиција вредна 206 милиони евра. Ја почнавме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани во должина од 23 километри и инвестиција од 53 милиони евра. Овие два патни правци се многу значајни и за Пробиштип и за цела источна Македонија, изјави Груевски.

Груевски напомена дека за бенефит на целиот регион, изградена е браната од Хидросистемот „Злетовица“, заедно со придружни објекти, водозафати и цевковод. Со ова е обезбедена квалитетна вода за пиење за над 100 илјади жители на Пробиштип, Злетово, Штип, Свети Николе, Кратово, Лозово и Карбинци.

-Вложивме преку 300 милиони денари во реконструкција на регионалните патишта во вкупна должина од околу 37 километри и тоа: Од Кратово, Страцин до Пробиштип, од Свети Николе до Пробиштип,Неокази и од Злетово до Пробиштип. Го саниравме свлечиштето на регионалниот пат Кратово до Пробиштип, како и на Регионален пат Пробиштип – Крупиште. Изградивме водоводна мрежа во населените места Кундино, Турско Рудари, Бунеш, Древено и Трооло. Извршивме и приклучување на Ратавица со доводниот цевковод на водоводната мрежа на Злетово, изјави Груевски.

Тој напомена дека е изградена фекална канализација во населените места Стрисовци и Долни Стубол, како и секундарни приклучоци на главен колектор во населено место Злетово. Тој кажа дека модернизиран е и скијачкиот центар Пониква со вкупна инвестиција од околу 1,1 милион евра.

-Изградивме еко-патека за поврзување на Лесново во општина Пробиштип со Панталеј во општина Кочани. Го реконструиравме градскиот парк во Пробиштип, а се уредува и излетничкото место Лесново. Изградивме училишна спортска сала во средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и спортска сала во Злетово. За развој на спортот, изградивме и едно фудбалско игралиште, едно повеќенаменско игралиште и два тениски терени, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека е извршена реконструкција и санација на 5 училишни објекти.

-Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува, изјави Груевски.

Груевски се осврна и на новата ера, а кажа дека таа носи многу проекти во програмата за Пробиштип.

-За привлекување на уште повеќе инвеститори, планираме доизградба на инфраструктурата во индустриската зона Неокази. Проектот опфаќа изградба на сообраќајници, енергетски ефикасни светилки а водоводот и канализацијата веќе се завршени. Проект вреден 300 илјади евра. Ветуваме реконструкција на улица Илинденска. Во наредните четири години ќе се асфалтираат улиците во Злетово, Древено, Турско Рудари, Лезово, Плешенци, Трипатанци како и изградба, односно реконструкција на пристапните патишта до неколку населени места, изјави Груевски.

Груевски вети изградба на локалните патишта: Пат за населено место Јамиште, пат од Горни Стубол до Долни Стубол, пристапен пат до манастирот во Дренак. Вети и урбанизација на Лесново, изградба на етно маало и поддршка за изградба на хотели и одмаралишта. Дополнително, со инвестиции во подобрување на инфраструктурата и поставување на нова урбана опрема, Лесново ќе го добие заслужениот епитет “туристички бисер“ на општина Пробиштип, кажа Груевски.

-Предвидуваме и комплетна реконструкција и хортикултурно уредување на Спомен парк. Ќе се постават нова урбана опрема, ново осветлување, како и детски реквизити. Во завршна фаза ја донесовме санацијата на браната Пишица која беше оштетена од поплавите и инвестиравме 58 милиони денари. Предвидуваме урбанизација на локалитетот Пишица со што ќе се овозможи изградба на нови туристички објекти за развој на овој локалитет.

Тој најави дека ќе се изгради детска градинка во Пробиштип за згрижување на деца во предшколска возраст, а со тоа ќе се зголеми и капацитетот за згрижување на деца од предшколска возраст

-Почитувани, гаранција за сето ова дека ќе се исполи е Тони Тонески и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Тони Тоневски неуморно и посветено работеше и ќе продолжи да работи за Пробиштип. Заедно со носителот на советничката листа Влатко Јордановски, економист по професија, се добитничката комбинација која ќе направи многу за Пробиштип. Не се бориме само да победиме, туку и да ги освоиме вашите срца и мисли. Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на нашите градови и луѓе, изјави Груевски.

Тој кажа дека сакаат да градат градови во кои сите ќе живеат во мир, спокојство и среќа.

-Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија.

Затоа на сите страни, градови и силе, во сите региони во Македонија, ние велиме само едно, со сите наши луѓе како еден човек, со едно срце, во еден глас: Секогаш работа, секогаш Македонија, изјави Груевски.

Top