понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 116 ново

Обликот на вашето лице го открива вашиот сексуален потенцијал

Ново истражување покажува дека луѓето со тркалезно и широко лице имаат посилен сексуален нагон.

Истражувањето го водел професор по психологија од Канада Стивен Арноцки, а  неговиот тим ја пронашол врската меѓу односот на ширината и висината на лицето (кои ги означил како FWHR) со сексуалниот нагон на поединецот.

Ова истражување било направено на 457 мажи и жени кои во тој период се наоѓале во љубовни врски, а се покажало дека луѓето со поголеми FWHR имаат и посилен сексуален нагон од останатите.

Другите црти на лицето пак, не покажале таква поврзаност.

Врската меѓу FWHR и сексуалниот нагон била еднаква и кај мажите и кај жените. Разлика постоела само кога станувало збор за секс без обврски и верност.

Имено, мажите со поголем FWHR, биле поотворени кон секс без обврски, а била утврдена и поврзаност меѓу FWHR и подготвеноста да се направи прељуба.

„Овие откритија укажуваат на тоа дека постои врска меѓу обликот на лицето и сексуалниот нагон“, вели авторот на ова истражување Стивен Арноцки.

Истражувањето на Арноцки објавено е во магазинот Archives of Sexual Behaviour.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top