вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Според зборовите на граѓаните од Ѓорче Петров, Владо Мисајловски има голема доверба од граѓаните и тие во него гледаат иден градоначалник на својата општина

Продолжуваат теренските активности на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на пазарот во Ѓорче Петров на средба со пазарџиите и многу граѓани кои беа на пазарот, беа Коце Трајановски кој е кандидат за Скопје и Владо Мисајловски кој е кандидат за Ѓорче Петров.

-Денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски го посетивме пазарот во Ѓорче Петров каде разговаравме со пазарџиите и многу посетители на пазарот, напиша Владо Мисајловски на Фејсбук.

Според зборовите на граѓаните од Ѓорче Петров, Владо Мисајловски има голема доверба од граѓаните и тие во него гледаат иден градоначалник на својата општина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top