понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Тарчуловски: Ќе ги решаваме реалните проблеми на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Трачуловски на отворени средби со граѓаните разговараше за идните проекти кои се планирани во Општината. Гоелмиот број присутни граѓани уште еднаш ја изразија поддршката за Тарчуловски верувајќи дека токму тој е човекот кој вистински ќе застане зад граѓаните и ќе ги реши нивните проблеми.

Тарчуловски истакна дека една од приоритетните работи е подигнувањето на хигиената во Општината, како и реконструкција на паркот „Македонија“ со поставување на две детски игралишта, катчиња за пензионери, целосно осветлување…

Тој додаде дека ќе заедно со граѓаните ќе работат на решавање на нивните реални проблеми, а како еден од нив ја посочи легализацијата.

По барање на жителите на Општината, Тарчуловски истакна дека ќе биде отворена и библиотека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top