вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Шефицата на „Пепси“: Претеравме!

Директорката на „Пепси“ Индира Нуји изјави дека компанијата отишла предалеку во промоцијата на нискокалорични пијалоци.

Оваа изјава доаѓа по објавата на резултатите од продажбата на газираните пијалоци во првите три месеци.

На пазарот на Северна Америка компанијата за три месеци забележила пад на газираните пијалоци за 3,4 отсто на годишно ниво односно 5,3 милиони долари.

Според зборовите на директорката, компанијата ова лето многу пари вложила за огласување и промоција на помалку или нискокалоричните марки на штета на главниот пијалок.

И покрај падот на продажбата, нето добивката ги надминала очекувањата на аналитичарите и скокнала осум отсто на 2,14 милијари долари или 1,49 долари по акција.

 

Top