понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Соколов: Делчево ќе добие современ градски пазар

Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов во својата програма предвидува изградба на градски пазар во градот.
-Самите трговци имаат потреба од ова. Во следниот четири годишен период овој пазар ќе биде изграден со повеќе содржини, техничката документација е подготвена и ќе можеме многу наскоро да започнеме. Веќе се јавија неколку заинтересирани страни за приватно партнерство. Сметам дека ова ќе се реализира многу брзо, вели Соколов.

Top