вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Билали: Имаме многу проекти за Маврово Ростуше да ја направиме општина со која сите ќе се гордеат

Кандидатот за градоначалник на Општина Маврово Ростуше од ВМРО-ДПМНЕ, Алим Билали кажа дека граѓаните на се наоѓаат пред одлука каде ќе оди општината, дали тоа ќе биде општина со која сите ќе се гордеат, инфраструктурно изградена, со инвестиции кои ќе отворат нови работни места и напредок во туризмот.
-Сакам да напоменам дел од проектите предвидени во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ 2017-2021 за Општина Маврово Ростуше. Изградба на паркинг простор во населените места Жировница, Требиште, Скудриње, Присојница и голем број на други населени места во општината. Реконструкција и проширување на патот од Ростушко Анче до полициска станица Ростуше, асфалтирање на локални патишта во Велебрдо, Врбен, Скудриње, Присојница, Леуново, Никифорово и други населени места, изјави Билали.

Тој најави и реконструкција на уличното осветлување во сите населени места, а како што кажа ова се само дел од проектите кои што ги предвидува програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Маврово Ростуше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top