понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Карлеуша: Страдам, но не одам на погреби кај пријатели

Јелена Карлеуша не се појави на погребот на пријателката и колешка Дона Арес во Босна, а причината за тоа е како што вели тешко и паѓаат тешките разделби. Јелена и Дона беа доста блиски и затоа немала сила да се прости од својата добра пријателка.
-Не одам на погреби кај пријатели. Таа личност повеќе не е тука и не знам. Тоа е болна и стресна традиција. Не, јас не можам, не би го поднела тоа, вели ЈК за еден сараевски медиум и додава дека и е драго што Дона пред да почине ја исполнила својата желба.

-Мислев дека ќе се избори. Но од друга страна таа имаше убава причина. Остави белег. Без оглед на тоа што замина млада и се намачи, Дона ја исполни својата цел и тоа е најважно, завршува Јелена низ воздишка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top