понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Во Долно Нерези се пука од зори: МВР и Спасовски цел ден се кријат

Од раните утрински часови жителите на Карпош 4 и Долно Нерези вознемирено пријавуваат дека во селото се пука, но ниту полицијата ниту министерот за внатрешни работи излегуваат со информација за каков инцидент станува збор.

Меѓу рафалите од пиштоли и автоматско оружје, велат карпошани, се слуша и музика, па претпоставуваат дека можеби се работи за свадба или некој друг вид собиер или веселба, но потврда за оваа информација се уште нема. Сепак, велат тие, и пукањето на свадби и веселби е забрането со закон и полицијата треба да реагира.

 

Во селото синоќа неславно помина тројката Шилегов, Зекири и Богоев. Жителите Албанци не им приредиле добредојде како што се наделвале, па посрамотени си заминале од селото.

Top