понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 79 ново

Бајрактаров: 80 проценти од ветувањата на СДСМ не се остварени во Струмица

Осумдесет проценти од ветувањата на сегашната локална власт не се реализирани, а граѓаните кои ги сретнав досега не се задоволни од досегашното работење на локалната самоуправа, истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Марјан Бајрактаров.
-Во Струмица ветуваа нов пазар, плоштадот се распаѓа, ја нема ветената подземна сообраќајница, ги нема новите булевари, ниту новата пожарна станица, ги нема ветените детски градинки, во селата нема направено ништо, ги нема домовите на култура, парковите, ниту асфалтираните патишта, рече Бајрактаров.

Тој додаде дека и после 12 години на власт во Струмица повторно ги нудат истите ветувања.

-Можам да заклучам дека не само што не вложувале, туку и она што е направено, не е одржувано. Градот е претворен во депонија, нечистотијата е секојдневен декор на секоја улица, на секој тротоар. Деновиве, на само недела пред изборите се асфалтираат улици и се продаваат евтини приказни. Го потценуваат народот, рече Бајрактаров, додавајќи дека граѓаните заслужуваат достоинствено управување со општината, реални проекти и отчет за сработеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top