вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“ ќ соработува со фондации од Словенија

Извршниот директор на Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“, Никола Митровиќ Бабе, и членови на Фондацијата остварија средба со словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец. На средбата беше реафирмирана соработката и пријателските односи помеѓу Македонија и Словенија.

„Со неговата екселенција амбасадорот Јазбец разменивме мислења и согледувања за унапредување на соработката на нашата фондација со слични фондации и институции во Словенија“, стои во соопштението од Фондацијата.

Top