вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Бројот 13 е за подобар туризам, за развиен Охрид

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи, најавува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Митко Тилевски.
Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам, предвидува неговата програма.

Отворање на туристички Биро во рамките на ТЛЕР

Со проектот се предвидува формирање на туристичко биро на град Охрид кое ќе биде сместено во Туристичкиот-информативен центар. Примарна цел ќе биде промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, инфомација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.

Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови

Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда. Истовремено на истите се одржуваат и директни средби помеѓу туристичките работници од Охрид и од земјата-домаќин со цел воспоставување на директна соработка и зголемување на застапеноста на Охрид на тамошниот туристички пазар.

Традиционално одржување на туристичката „Промотивна тура“

На овој насстан поканети се и присуствувуваат туристичките работници и медиуми од таргетирани земји како потенцијални туристички подрачја, притоа посетувајќи ги сите најзначајни туристички локалитети во градот и околината, запознавајќи се со природното и културното богатство на градот. Истовремено се запознаваат со туристичката понуда на градот и можностите за соработка со туристичкиот сектор од Охрид. На тој начин се овозможува широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани.

Фестивал „Ohrid Calling“

На фестивалот секоја година ќе настапуваат светски реномирани изведувачи како магнет за голем број посетители, како од државата така и од соседствотои европските држави. Со тоа Охрид добива нив бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот, аа истовремено придонесува за зголемување на бројот на туристи.

Интензивирање на меѓународната соработка

Меѓународна соработка преку континуирана туристичка промоција на Охрид. Релациите кои општина Охрид ги одржува и гради со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид, ја јакне меѓународната соработка и ја зголемува довербата. Локалната самоуправа и понатаму ќе ги интензивира контактите и соработката со институциите од соседните држави во насока на заедничка соработка и комуникација со цел подготовка, аплицирање и имплементација на што поголем број на проекти во европските фондови и програми во делот на образованието, културата, спортот и заштита на културното наследство.

Охриѓани заслужуваат подобра иднина, охриѓани живеат од и за туризмот, уверен е Тилевски. Тој верува дека неговите сограѓани препознаваат кој се грижи за нив.

– Бројот 13 нека биде бројот за подобар туризам, подобар туристички развиен Охрид, порачува тимот предводен од кандидатот Тилевски.

Top