понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Концертот на корејската група Tago&АtoBIZ одложен за утре

Настапот на корејската група Tago&АtoBIZ, во рамките на програмата на „Бела ноќ“ во Скопје закажан за вечерва во 21 часот, се одложува за утре во 19 часот, на плоштадот Македонија, соопштија од МКЦ.
Одложувањето, според организаторите, е поради лошото време и најавите за дожд во текот на целиот ден, а со цел скопјани да имаат можност целосно да уживаат во сценско-музичкиот спектакл „Таго: Корејски тапан 2“.
-Сметаме дека граѓаните на Скопје заслужуваат оваа светска атракција да ја погледнат во што поголем број, и во услови што ќе овозможат нивниот настап да биде на највисоко, светско ниво, како што обично тоа го прават низ целиот свет, појаснуваат од МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top