четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Крвавата камапања на СДСМ на насловните страници на светските медиуми (ФОТО)

За крвавата кампања на СДСМ за локалните избори на 15 октомври известуваат и светските медиуми. Веста за претепувањето на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, го обиколи светот, за овој инцидент објавија  „Еј-Би-Си Њуз“, „Фокс Њуз“, „Њујоек Тајмс“. Никој не очекува фер и демократски избори по олку крвава кампања.


Пратеникот Амди Бајрам, татко на претепаниот Елвид, обвини дека насилниците кои со шипки и секири го нападнаа Елбис Бајрам, биде во првите редови на митингот на СДСМ во Шуто Оризари. Стоеле зад Зоран Заев, Петре Шилегов, Курто Дудуш и Самка Ибраимовски и ги обезбедувале.

Пред 4-5 дена местевме банери и тие почнаа со инцидент. Му се јавивме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и му рековме да не правиме провокации, да одиме на фер и демократски избори и подобриот да победи. Тој ни рече дека нема да има привилегирани за оној кој ќе погреши, без разлика дали е од наша страна или од страната каде што е кандидат од СДСМ. Секој според законот ќе биде дали притворен или ќе бидат преземени мерки кон него. Градоначалникот е во кампања и идел од врата на врата. Одеднаш му излегле со секири, со шипки и го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинетот прво бил удрен а потоа и мојот син. Таа фамилија е позната, го држеа „Матекс“ пазарот во Шутка со рекет и со сила. Тие сега се во партијата на СДСМ и кандидатот Курто Дудуш е со нив. Барам министерот да го спроведе тоа што треба, ако нашата страна е крива нека притвори од кај нас. Знаат дека народот е со нас и затоа одат со сила – рече Бајрам на 2 октомври.

За сообраќаен прекршок, за на лекар, за вработување: Членската книшка на СДСМ станува втора лична карта (ВИДЕО)

Овие избори за жал ги одбележува и грозоморно убиство. Носителот на листата советници во Кичево, Алит Абази, им подлегна на повредите во огнената престрелка . Ова убиство се одвива кога политичката кампања е во полн ек.

Почина сограѓанин Албанец, кој беше вклучен и водеше политичка кампања. Има огромна црна дамка. Ова е прво убиство во Македонија на човек активно вклучен во изборната кампања и човек кој е на советничка листа. Ова се најлошо организираниот изборен процес досега. И овој грозоморен инцидент не е единствениот. Во периодот на политичката кампања имаме пукање, физички напад и пукнат череп на друг кандидат за градоначалник, полициска тортура врз кандидат за градоначалник, запалена куќа од причини кои еве се уште не и се познати официјално на полицијата, искршени штабови на повеќе опозициони партии, учество на членови на општински изборни комисии во политичката кампања на Социјалдемократскиот сојуз, политичка хајка преку монтирани кривични пријави против градоначалници и што уште не, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова лудило мора да престане и дека прашање на време е кога ќе се случи и најлошото, да биде одземен човечки живот. Еве и тоа се случи.

Институциите на власта демонстрираат неспособност да обезбедат мирно и фер спроведување на предизборниот период. Тие се најповикани за тоа, а во нивни раце се и механизмите за обезбедување на редот. Загрижувачки е што во дел од случаите тие се и активен учесник во целиот процес на нарушувања на изборниот процес. Ова ли е животот кој премиерот Зоран Заев го ветуваше? Повикуваме што побрзо расветлување на сите инциденти и сериозни нарушувања на изборниот процес. Правдата мора да биде задоволена. Видлив е стравот и нервозата во редовите на СДС од изборниот пораз. И ќе порачам дека ваквата неспособност ќе биде победена. Народот во огромно мнозинство ќе излезе и ќе ги казни за се она што го прават во државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ќе победи народот кој добро знае што се случува. Мора да се стави крај на ова, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, сите сложно да ставиме крај на ова дивеење, помрачување и враќање во времињата на криминалот од 90-тите години. На Македонија и треба ново утро, нови победи, потенцираше Мицкоски.

Top