понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Македонија исфрлена од рангирањето на Глобалниот економски форум

Покрај продолжениот пад на извозот, Македонија се соочува и со пад пад на просечната плата, пад на индустриското производство, како и сериозен пад на девизните резерви на државата.

Падот на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори ја намалија конкурентноста на македонската економија. Тоа почнаа да го нотираат и меѓународните институции. Во последниот извештај на Светскиот економски форум, Македонија воопшто ја нема на листата. Од вкупно 137 земји, Македонија не е ниту приближно до Јемен, Замбија или Уганда, кои се меѓу најнеконкурентните економии во светот. За потсетување, Македонија до лани постојано напредуваше на листата. Беше рангирана на 80-то место во 2012-та и успеа да напредува 12 позиции до лани кога се најде на 68-то место.

Освен тоа што не нема на меѓународните извештаи, македонското стопанство бележи лоши резултати и по сектори на домашниот пазар, што е показател на негативните тенденции на економијата. На тоа алармираа и бизнисмените и аналитичарите. Последните статистички податоци, пак, покажуваат пад на индустријата за 5.3%, на градежништвото за 17.3 отсто и намалување на просечната нето плата во јули од 0.6%.Ниту Владата, ниту монетарните власти повеќе не се оптимисти. Владината проекција за економски раст падна на 2.2% за годинава, додека гувернерот Богов по лошите резултати во првата половина од годинава, односно намалените активности на банките за 1.6 отсто, изјави дека се сомнева дека економијата воопшто ќе има зголемување во 2017-та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top