понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Администрацијата на Трамп го ограничи пристапот до бесплатна контрацепција

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука со која на работодавачите им се дозволува да одбијат финансирање на бесплатна контрацепција за милиони Американки.

Со таа одлука на работодавачите и осигурителните компании им се овозможува да одбијат финансирање на контрацепција доколку сметаат дека тоа е спротивно на нивните „верски уверувања“ или „морални вредности“.

Педесет и пет милиони жени во САД имаа пристап до бесплатна контрацепција за време на администрацијата на претседателот Барак Обама, која ги принуди компаниите да им ја овозможат таквата заштита на жените.

Трамп во текот на својата изборна кампања вети дека ќе ја укине таквата обврска. Таа беше дел од „Обамакер“ и напорите на Обама да го измени американскиот здравствен систем.

Верските институции беа ослободени од обврската да им плаќаат контрацептивни средства на своите службенички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top