вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Протести во Белград – опозицијата бара чесни избори

Во центарот на Белград вечерва започна собирот  “За чесни избори” во организација на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ, со цел “да се создадат услови за одржување на фер и  слободни избори”. Протестантите се собрани на Плоштадот на Републиката со знамиња на Србија и на Движењето на слободни граѓани, како и со голем транспарент на кој пишува “Против изборна измама”, што е мотото на собирот. Меѓу нив се лидерот на Движењето Саша Јанковиќ , претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ и поранешниот претседателски кандидат Вук Јеремиќ.

Движењето на слободни граѓани  претходно најави дека ќе се соберат за да кажат гласно не на  „пегланите листови, бугарскиот воз, на фантомките, на лажното населување, на заканите, разните уцени, отпуштањата од работа…„, односно се што го загрозува одржувањето на слободни и фер избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top