понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Првите бодови за ЖРК Вардар во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар, одлично ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. Избраничките на тренерот Ирина Дибирова во првото коло од групната фаза на домашен терен во СЦ Јане Сандански славеа над унгарскиот Ференцварош (ФТЦ) со 34:31

Неизвесноста на натпреварот траеше само во првите пртнаесетина минути од мечот кога врдарки почнаа полека да се одлепуваат и во 20. минута веќе имаа предност од три гола – 13:10. До крајот на полувремето “црвено – црните” само ја билдаа разликата, направија серија од 7:1 и на полувремето заминаа со предност од девет гола – 20:11.
Во вториот дел македонскиот шампион успешно ја одржуваше високата предност од 6 до 10 голови и во ниеден момент не беше загрозен триумфот на стартот од сезоната во елитното натпреварување.
Токму затоа Ирина Дибирова, во финишот од натпреварот има даде шанса и на ракометарките кои имаат помала минутажа што придонесе Унгарките да го ублажат поразот – 34:31.
Со оваа победа вардарки му се реваншираа на унгарскиот тим за украдениот бод на стартот од минатата сезона кога во СЦ „Јане Сандански” одиграа – (27:27).
Најефикасни во македонскиот тим беа Дараган Цвијиќ и Андреа Лекиќ со по 7 гола, шест постигнаа Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер. На голот одлична беше Амандин Лејно со 9 интервенции. На спротивнната страна најефикасна беше Фалувеги со 7 погодици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top