понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 79 ново

Затруени 23 работници, фабричката менза во Штип под клуч

Дваесет и тројца работници од фабрика во Штип попладнево биле пренесени во болница откако кај нив се појавиле тегоби по ручекот во фабриката и знаци на труење. Сите по укажаната помош биле испратени на домашно лекување, додека еден работник бил задржан за понатамошна опсервација, објави А1 он.  – Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата – изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.  Додека не се завршат сите испитувања, од таму не шпекулираат за причината за труењето .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top