среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 2 ново

Ратко Младиќ излегува од затворот во Хаг?

Владата на Србија даде гаранции за привремено пуштање на слобода на Ратко Младиќ од притворот на Хашкиот трибунал за лекување, потврди српската министерка за правда Нела Кубуровиќ.

„Не е првпат владата на Србија да дава гаранции за некого поради лекување. Владата тоа и досега го правела“, кажа Кубуровиќ за РТС.

Младиќ е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето за време на војната во Босна и Херцеговина, а во притворот на Хашкиот трибунал е од 2011 година, кога беше уапсен во Србија по 15 години криење.

Правниот застапник на Младиќ пред два дена изјави дека ги добиле гаранциите, и дека чекаат да ја добијат целосната документација на клиентот од Притворската единица на Хашкиот трибунал, која ја побарале пред девет месеци. Трибуналот, пак, соопшти дека целосната медицинска документација за болеста и лекувањето на кое бил подложен Младиќ во судскиот притвор и болниците во Хаг веќе била доставена.

 

Top