среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Најскапите чевлички за девојчиња

Познатиот француски дизајнер Кристијан Луботин ја претстави ограничената колекција на луксузни чевлички за бебиња. Малите „луботинки“ доаѓаат во разнобојни сатенски изданија, а ги краси препознатливиот црвен ѓон.

Колекцијата “Loubibabys” настанала во соработка помеѓу Луботин и Гвинет Палтроу, а истата ќе се продава во онлајн продавниците на нејзиниот бренд “Goop” од средината на ноември.

Токму како и оригиналот, така и овие „мини Луботинки“ чинат цело богатство, а доколку сакате вашето дете да поседува еден ваков пар луксузни чевлички, треба да издвоите 250 долари.

 

Top