понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Во приватна режија Ибрахимовиќ доаѓа на лов во Македонија

Според последните информаци Златан Ибрахимовиќ денеска ќе пристигне во Македонија со приватен авион или хелихоптер за да посети едно од ловиштата во нашата земја, пишува Македонски Спорт.

Се сеќавате кога како гром од ведро небо се појави информацијата дека Едисон Кавани големата фудбалска звезда, пристигна во Велес!? Да, тоа беше веста на месецот во нашата земја за подоцна да се дознае дека тој заедно со своите пријатели бил во посета на едно од ловиштата во нашата земја, пишува во текстот на Македонски Спорт.

Сега, поради истата причина во Македонија пристигнува ни помалку ни повеќе туку Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот, и член на Манчестер Јунајтед според нашите информации ќе пристигне во приватна режија односно со авион или пак хелихоптер, а не се знае точно колку ќе се задржи.

Top