понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Кандидат за градоначалник на БЕСА добил заканувачки пораки

Кандидатот за градоначалник на општина Сарај од политичката партија БЕСА, Башким Бакиу вчера во полиција пријавил дека во текот на денот добил СМС порака со заканувачка содржина.

Од полицијата информираат дека  Б.Б. (36) од с.Љубин-скопско случајот го пријавил во полициската станица во Центар.

– Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во Сарај на место викано „Дервен“ со почеток во 20 часот, и му се брзало рекол дека се откажува од пријавата. Во 19:50  часот Б.Б. се јавил на телефонската линија 192 и го пријавил настанот (митингот), барајќи да биде обезбедуван од страна на полициски службеници. Митингот бил одржан и завршен без проблеми, а на Б.Б телефонски му е укажано да дојде во Полициското одделение Сарај и да го пријави настанот околу телефонската закана, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top