понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Промоција на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“

Семејството Антоновски и КИЦ организираат промоција на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“, која ќе се одржи вечерва во 19.30 часот во „Салон 19:19“. Промотори се: Ристо Лазаров, Гордана Сиљановска-Давкова и Димитар Богов. Поздравна реч ќе има Апостол Симовски, в.д. директор на Државниот завод за статистика.

Во досегашниот период, делата на истакнатата општествена работничка, политичарка, статистичарка и научничка Светлана Антоновска и нејзиниот општествено-политички и професионален, односно научен ангажман не се целосно валоризирани во нашиот општествен простор. Оваа монографија е прво дело во кое е опфатен севкупниот период на нејзиното работење и дејствување, од нејзиното рано општествено-политичко ангажирање во 1970-тите па сѐ до последните години од нејзиниот физички живот.

Top