четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 110 ново

Изложба на Јован Миронски во Музеј на Град Скопје

Избрани дела ќе бидат поставени во Музеј на град Скопје во вторник, (10. октомври) во 20 часот. Ликовно творештво на Јован Миронски можело многу ретко да се забележи на некои групни изложби и оваа ретроспективна поставка е прва можност реално да се согледаат и да се забележат достигнатите вредности.

Можно е да се дојде до заклучокот дека Миронски, како и генерацијата ликовни уметници кои паралелно почнуваат да работат со него, веќе во образовниот процес биле насочувани кон модернистичките ликовни модели кои тие подоцна ги разработиле, некои од нив и ги радикализирале, и во низата години што следувале темелно го промениле ликовниот профил на средината.

За сето ова да биде возможно морало да биде присутен еден основен елемент – нивната отвореност и подготвеност за прифаќање на модернизмот и модерноста на општеството. Тие таквата отвореност ја имале во себе.

Можно е дека несвесната потреба на Миронски да наоѓа пластични решенија за ментални претстави кои можеби имаат врска со некои случувања од неговиот живот е главниот поттикнувач на неговите повеќедецениски опстојувања во светот на ликовната уметност. Неговите ликовни остварувања постојано како да се врзани за она што лично се однесува на него.

 

Top