вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

„Некст тајм“ имаат нова песна и спот со најубавата актерка

„Некст Тајм“ имаат нова песна На 10. октомври (вторник) со почеток во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје, момците од „Некст Тајм“ по пауза од две години пред јавноста ќе го претстават својот најнов музички проект од кој никој нема да остане рамнодушен. Станува збор за преработка на старата и многу позната македонска песна, „Слушам кај шумат шумите“.

Стефан и Мартин за нивното ново дело имаат и подготвено видеоспот во кој покрај нив се појавува една од нашите најубави актерки.

– Не би сакале многу да откриваме, но убедени сме дека публиката ќе биде воодушевена, бидејќи ова е нешто на кое што макотрпно работевме овие две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата „Ѓурѓа“ – велат момците од „Некст Тајм“.

Спотот премиерно ќе биде објавен точно во среда во 20 часот на нивната фан-страна на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top