среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Уапсен шефот на Олимпискиот комитет на Бразил

Бразилската полиција денес го уапси шефот на националниот Олимписки комитет Карлос Артур Нузман, кој е обвинет дека е вмешан во плановите за купување гласови од членовите на Меѓународниот олимписки комитет, така што Рио де Жанеиро да биде избран за домаќин на Летната олимпијада 2016 година.

Tамошната полиција соопшти дека со најновата фаза од истрагата уапсен бил и поранешниот директор на Олимписки комитет на Бразил, Леонардо Глинер.

Олимпијадата во 2016 година ја доби Рио, но подоцна беа обелоденети неколку афери поврзани со купување гласови за добивање на организацијата.

Top