понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 110 ново

Честоева:Укинувањето на државната награда „23 октомври“ е одлика на негрижата на СДС за македонското творештво

Укинувањето на државната награда „23 октомври“ е одлика на негрижата за македонското творештво од владата предводена од СДС, вели Весела Честоева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со државната награда „23 октомври“, која се доделува како највисоко признание за долгогодишните остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија, се здобија личности и институции како: Танас Вражиновски – етнолог, Тахир Зајази – педагог и методичар, Гане Тодоровски – писател, универзитетски професор, учебникар, редактор амбасадор и член на МАНУ, Марко Китевски- фолклорист, Зоран Тодоровски- историчар, Ташко Георгиевски – писател, Петар Темелковски – актер, Милош Коџоман Втори – ликовен уметник, Михајло Георгиевски – филозоф, Родуб Анастасов – сликар, КУД Танец – културно уметничко друштво, Живко Попов – академик, хирург-уролог, Авзи Мустафа – професор и методичар, Иван Чаповски – писател, проф. д-р Томе Неновски, професор, Паскал Гилевски, писател, Коле Манев, ликовен уметник, Проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник од Скопје, Халил Зендели, писател од Скопје, Ана Дурловски, оперски уметник, Џабир Амети, писател, Михаил Ренџов, писател, Ставре Димитров-Стадим, ликовен уметник, Проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед, Милош Линдро, писател, Доне Милјановски, ликовен уметник, Димитар Узунски, народен уметник, фолклорист, Македонска филхармонија, Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател, Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар, Проф. д-р Драган Даутовски, музички уметник, Иван Петрушевски, актер, Реџаи Исени, ликовен уметник, Проф. д-р Агим Пољоска, албанолог, потенцираше Честоева.

Таа вели дека со укинувањето на државната награда „23 октомври“ се поништува и почеста која државата им ја оддала на овие врвни личности кои творат и твореле во современото македонско општество.

-Укинувањето на државната награда „23 октомври“ не се должи на пропуштени рокови и блокади. Укинувањето на „23 октомври“ се должи на анимозитетот кој СДС го има кон македонската историја. Ваквата одлука донесена од владата значи почеток на она што се вика погазување на сите жртви кои биле дадени за ова што го имаме денес, погазување на сета борба на македонскиот народ за создавање на македонската држава. Оваа одлука е почеток на ревидирањето на македонската историја која планира да го започне Заев. Ваквото сквернавење граѓаните можат да го казнат и да го запрат на 15-ти октомври со пенкало во рака, истакна Честоева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top