вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Повисоки казни – стартува новиот Закон важи за безбедност во сообраќај!

Од денеска стапуваат на сила новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Измените предвидуваат во населените места максималната дозволена брзина да биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Новиме измени предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите и таксистите.

Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото од 6 до 12 месеци.

Доколку се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото од 3 до 12 месеци.

Во двата случаи паричната казна може да се замени со впишување на негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

За прекорачена брзина од 10 до 30 километри на час, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час – казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаи не е предвидена забрана за управување со возилото.

За прекорачување на брзината на отворен пат, за возење над 70 км/ч над дозволеното казната е 400 евра или 65 негативни поени и забрана за управување од 6 до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење од 50 до 70 км/ч, 30 до 50 км/ч и до 30 км/ч казните се исти како претходно наведените.

Новите измени предвидуваат и дека отсега за деца до пет години возилото отсега ќе мора да има детско седиште позади. Деца до две години ќе може да се превезуваат на совозачко седиште, но овој пат детето треба да биде свртено кон задниот дел од возилото. Притоа, воздушното перниче треба да биде деактивирано.

Новина има и во делот на потпишување на Европскиот извештај. Наместо досега кога возачите прво се тргаат од патот, а потоа го пополнуваат, новите измени предвидуваат оваа постапка да биде обратна.

Велосипедистите се дожни да имаат бело свето од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна, како и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Носење шлем или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и задолжително.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top