среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 7 ново

Тајниот живот на убиецот од Лас Вегас

Полицијата засега нема индикации што укажуваат дека Стивен Педок, човекот кој го изврши масакрот во Лас Вегас, бил поврзан со тероризам.

Ова го изјави специјалниот агент на ФБИ надлежен за сслучајот, Ерон Роуз, кој додава дека Педок живеел таен живот за кој неговите најблиски не знаеле и не се сомневале ништо.

Педок внимателно го планирал нападот и со децении собирал оружје, додека живеел таен живот.

Брат му изјави дека Педок никогаш не бил особено заинтересиран за оружје, а неговата пријателка Мерилу Денли, која беше приведена како „лице од интерес“, рече дека воопшто не се сомневала дека нејзиниот пријател планирал вакво масовно крвопролевање.

„Го знаев како љубезен, внимателен и тивок човек. Го сакав и се надевав дека ќе имаме спокојна заедничка иднина“, вели 62-годишната Денли во изјавата што ја прочита нејзиниот адвокат.

Засега нема уапсени луѓе за „соучесништво“ во нападот за кој полицијата смета дека Педок го смислил и извел сам.

Полицијата соопшти дека 317 од 489 ранети во нападот биле пуштени од болница.

Педок уби 58 луѓе пукајќи со полувтоматско оружје со засилувач од неговата хотелска соба во „Манделеј Беј“ на 32. кат, а потоа се самоуби пред да го најде полицијата.

Top