сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 31 ново

Косово се откажа од приемот во УНЕСКО

Властите од Приштина соопштија дека се откажуваат од барањето за прием на Косово во УНЕСКО.

Во соопштение на министерството за надворешни работи на Косово се вели дека се одлучиле за прагматично одложување на барањето за членство на Косово во Интерпол и УНЕСКО, засновано на целосна и блиска соработка со САД.

– Министерството за надворешни работи оценува дека со ова се зацврстува меѓународната позиција на Косово, унапредувајќи ги односите со партнерските и сојузнички земји, осигурувајќи безбедност и унапредување на мирот во регионот, се вели во соопштението.

Од друга страна, во соопштението исто така се наведува дека членството на Косово во регионалните, континенталните и глобалните организации, односно ОН и агенциите поврзани со ОН, остануваат приоритетна цел на Приштина.

Косовското министерство за надворешни работи нагласува дека Владата делува на координиран и одговорен начин, заштитувајќи ги националните интереси на Косово и дека сојузништвото со западот е вечно и неповратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top