среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Кинезите шиткаат фалс очила со водителката Елена „Живот со стил“

Јелена Карлеуша повеќе не е единствената во регионов чии слики завршија на Али Експрес, бидејќи и нашата водителка Елена Стефановска заврши на најпопуларниот сајт за продажба.


Нејзината фотографија била искористена за продажба на очила за сонце од брендот Том Форд.

Елена на својот Инстаграм профил објави фотографија од зделката на Али Експрес предупредувајќи дека станува збор за лажни очила за сонце.

По Јелена Карлеуша, Елена е следна во низата која им се виде интересна и атрактивна на Кинезите.

Top