четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 35 ново

Демократура

Анета Стојановска – Стефанова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Во првата недела од кампањата еден кандидат во Кичево е ранет од огнено оружје, друг во Шуто Оризари е брутаално претепан, а трет кандидат од Кавадарци поминалсо вперен пиштол во глава. За девет дена од предизборната кампања, слушнавме за над десет покрупни инциденти кои ги погазуваат сите демократски принципи.

Настаните се во 21 век, во земја која се декларира за слободна и во која како никогаш досега, се зборува за живот, за претставничка демократија, за правичност и почитување на човековите права.

Нејасно е како да се вклопат зборовите од погоре со управувањето и случувањата, кога кандидатите за градоначалници се нападнати не со зборови и аргументи, туку со оружје.

Демократијата значи владеење на народот, а кај претставничката демократија како облик на владеење, народот е тој кој избира кој да го претставува.

Никој нема право да се обиде физички да елиминира кандидат и со тоа да го спречи да стане прв градски татко или советник во некоја општина. Постои активно и пасивно избирачко право.Во првиот избирачки случај граѓанинот има право непосредно да учествува во изборот на народни претставници, додека во вториот случај, бирачкото право претставува право на граѓанинот да биде биран за претставник. Затоа никој нема право, да врши притисоци и деформирање на изборниот процес, а со тежнеењето да се спречат кандидатите, директно се тежнее да им се скрати правото на избор на граѓаните и нивното право да бидат бирани.

Деновиве сведочиме за флертување со популизмот и потценување на демократијата.

Молкот на полицијата и другите власти за случаите на насилство, како и отсуството за брзо и темелно да го истражат секое обвинување за насилство фрла сенка на изборниот процес во втората недела од кампањата. Се чини дека граѓаните, цивилниот сектор, медиумите и амбасадите, се оставени самите дарегираат и да бидат иницијатори за расветлување на насилствата, да пријавуваат неправилности во ОДИХР и соодветните институции.

Цивилниот (граѓанскиот) сектор треба да е коректив на власта и никој нема право, особено во земја во која владее демократија, да се обиде да го поткупи во било која форма, особено не, во период на избори.Не треба да заборавиме дека воспоставенограѓанското (цивилно) општествотребада е противтежа и ограничувачкифакторнаносителитенадржавнатавластданесенаметнатбило какви недемократски форми надопштеството.

Власта и покрај дневните прозивки, не даде одговор за што се користат милионските суми кои ги префрлиле на сметките на невладините организации, а нема информација ниту какви проекти понудиле за да ги добијат средствата, ниту пак зошто ова се прави во период на изборна кампања.

Покрај ова, во првата недела од кампањата слушнавме и за претседатели на општинсκите избоρни κомисии κои се задолжени да ги водат избоρите и да го гарантираат изборниот процес беа фотограирани во првите редови на митинзите на владеачката партија низ дρжавата, со што посредно го пρеκρшуваат и злоупотρебуваат избоρниот заκониκ, и придонесуваат за нефеρ избоρен пρоцес. На социјалните мрежи кружат и слики на граѓани дека извршиле трговија со нивниот глас.

Нема место за било која форма на насилство во демократски избори. Нема место за искривување на демократијата, нема простор за повреда на човековите права.

Соодветните органи итно треба целосно да ги истражат сите обвинувања за злоупотреба и да преземат соодветни мерки, да не дозволат да се фрли сенка пред воопшто да се гласа.

Престојните локални избори се важни за иднината на Македонија како напредна, стабилна демократија, која тежнее да го оствари својот сон за целосно интегрирање во евроатланските институции.

Македонија може и мора да остане демократска земја. Новата ера, новата декада, нашата нова визија, Република Македонија треба да ја одреди како европски интегрирана, целосно реформирана, со професионална администрација, економски напредна, правична, и земја во која квалитетот на поединцот е двигател во општеството, а интересот на поединецот во паријата одвоен од државата.

 

Top