среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Македонска џез квечерина

Утре, 5 октомври 2017 година со почеток во 21.00 часот во Кино Култура ќе се одржи концерт на македонскиот џез состав Sethstat и Мирко Попов.

Sethstat i Mirko Popov е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М. Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Оваа комбинација веќе има еден заеднички албум зад себе (Се Плашам од Македонци, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика.

Концертот во Кино Култура е трет и последен во низата од 3 промотивни концерти реализирани во рамки на програмата Македонска Џез Квечерина, чија реализација е подржана од  Министерство за култура на РМ во рамките на програмата
Нов Културен Бран.

Концерти се одржаа  и во Гевгелија – Дом на културата на 28.09.2017 и Струга – Центар на културата на 30.09.2017

Влезот за концертот во Кино Култура е бесплатен.

 

Top